РЕГИСТРИРАЈТЕ ЈА ВАШАТА ПРИПЕЈД КАРТИЧКА!

Согласно законската регулатива обврзани сме да вршиме регистрација на податоците од припејд корисниците.

Регистрација на припејд број е можна со лично присуство во еден од ТЕЛКО продажните места. Листата со ТЕЛКО продажни места можете да ја пронајдете овде.

Исто така регистрација можете да направите со телефонски повик на Контакт центарот на број 073 880 000.

Потребни податоци за регистрација:

Регистрација на припејд број можете да направите само со важечки документ за идентификација (пасош, лична карта или возачка дозвола)

Исто така, во согласност со законската регулатива, во зависност од корисникот, имаме обврска да ги добиеме и обработиме следните податоци:

  • За физички лица: Име и презиме, адреса, датум на раѓање и ЕМБГ
  • За правни лица: Име на компанијата, седиште на компаијата и ЕМБС

Податоците на припејд корисниците ќе бидат сигурно чувани и заштитени, како што е тоа случај кај нашите постпејд корисници, во согласност со Законот за заштита на личните податоци (Службен весник на РСМ бр.42/2020) и подзаконските правни акти. Придржувајќи се до овие законски обврски, личните податоци на корисниците, ќе ги приложиме исклуливо во случај тоа да го побараат надлежни органи.

Success message!
Warning message!
Error message!